Како граѓаните го доживуваат Светското првенство во ракомет?
На средина од Светското првенство за мажи во ракомет и по пласманот на нашата репрезентација во вториот круг, еуфоријата за следење на натпреварите кај граѓаните расте. Ракометот се следи во домашни услови, но и по сите ресторани и кафулиња. Граѓаните од далеку ги бодрат нашите ракометари и задоволи од досегашниот постигнат успех. Се надеваат на нови победи...

Ракометната еуфорија на највисоко ниво и во Битола, натпреварите се следат во домашни условни но и по сите ресторани и кафулиња.
Се наоѓаме на средина од Светското првенство во ракомет, по пласманот на нашата репрезентација во вториот круг, граѓаните се задоволни. Велат досега ваков успех немаме постигнато и треба да бидеме горди на тоа. Речиси и да нема човек што не ги следи случувањата во Вараждин.
Оние кои не успеа да ги следат натпреварите во живо, ги бодрат нашите ракометари од далеку. Од рестораните и кафулињата, велат дека од почетокот на првенството до сега огромен е бројот на млади и стари, мажи и жени, кои организирано ги следат сите натпревари на нашата репрезентација.
Светското првенство во ракомет за мажи започна на 14-ти јануари, и ќе трае до 2-ри февруари.
Александра Максимовска
