Кривичен суд

Кривичен ја уважи амнестијата за случајот „Организатори на 27 април“

23.01.2025 16:05

Кривичниот суд ја уважи амнестијата на четворица обвинети кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27-ми април. Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски можат да си заминат дома...

Основниот кривичен суд на барање на Обвинителството донесе одлука да ги амнестира поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. И додека Обвинителството во барањето за амнестија образложи дека одлуката е донесена на стручен колегиум и по напатствија на Апелацискиот суд, судијата во предметот истакна, не може да се пробие полициски кордон на кошаркарски натпревар, а не во Собранието“. Не е патриотизам насилниот влез во Собранието и тепањето и оти е сигурен оти организатори сепак има.

За одбраната на обвинетите ова беше политички монтиран процес за да бидат на слобода вистинските организатори на настаните од април 2017-та.

Со претходната пресуда од Кривичен, за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на шест и пол години казна затвор беше осуден поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на по шест години и три месеци беа осудени ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, додека поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби шест години затвор. Меѓу причините за укинување на оваа пресуда, Апелација во април 2023-та наведе дека првостепениот суд ги занемарил приговорите на обвинетите кога барале амнестија според законот кој беше донесен во Собранието за настаните од „крвавиот четврток“.

Судијата образложувајќи ја својата одлука на денешното рочиште изјави дека државата се сака со патриотизам, со работа, но никако со насилен влез во Собранието.

 

Миле А. Ристески