ОБСЕ ќе ја контролира руско- украинската армија

31.07.2014 11:24

ОБСЕ ја почна контролата на руско-украинската армија. Русија објави дека набљудувачите на Организацијата почнаа да ги набљудуваат двете контролни точки на руско украинската граница, додека НАТО повторно обвинува дека расте бројот на руските војници и вооружување на границата.

Москва одговара дека станува збор за пропаганда, а агенциите пренесуваат дека истражителите сѐ уште не можат да стигнат до местото на падот на малезискиот авион поради борбите во кои украинската армија по секоја цена сака да ја заземе таа област.

„Надзорот на контролните премини ‘Донецк’ и ‘Гуково’ ќе го извршуваат 16 набљудувачи на ОБСЕ во текот на следните 24 часа“, соопшти руското МНР, но не е наведено кога мисијата ќе заврши.