Се предаде Гоце Трајковски сведокот за двојното убиство
Еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, денеска сам се предал во полициска станица Кисела Вода...

Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, денеска сам се предал во полициска станица Кисела Вода, каде уште е на распит, потврдија од МВР. По него беше распишана потерница.
Тој на 15 ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, но не се појави во судницата поради панични напади. Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа, собирале и прегледувале снимки.
Подоцна се дозна од Обвинителството на брифинг, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.
Останува на судот да одлучи, кога ќе го повика Трајковски на сослушување.
