Здравство

Составена интерна комисија во прилепската болница за смртта со двете новороденчиња близначиња

23.01.2025 14:43

Детални информации од болницата најавија по извештајот на Комисијата...

Составена е интерна комисија во прилепската болница за смртта со двете новороденчиња близначиња. Детални информации од болницата најавија по извештајот на Комисијата. 

По забелешката на ДСЗИ дека по барање на мајката на бебињата тие се испишани од установата и покрај убедувањето на лекарите да останат, од Здружението на млади правници велат дека во државава недостасуваат процедури или официјално следење на постоечките процедури во самите здравствени установи во координација со другите институции како што е Центарот за социјална работа.