Политика
Економијата и развојот- врвен приоритет на Владата
23.01.2025 16:29
Презентирана програмата на Владата за 2025 година. Економијата и развојот-врвен приоритет…

Програмата за 2025 година е во функција на остварување стратешки приоритети, секој дизајниран да одговори на итните предизвици за обновување на довербата во институциите, ефикасната борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.
Според Митева, Владата е посветена да изгради поквалитетна и попросперитетна Македонија преку економското заживување, подобрување на транспортната инфраструктура, подобро образование, а со тоа и зголемување на животниот стандард.
Игор Панов
