Ракомет

Македонија го надигра Катар, втора победа за нашата ракометна репрезентација

23.01.2025 17:55

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на 29. Светско првенство и тоа во пресметката со Катар која попладнево се одигра во Вараждин...

Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на 29. Светско првенство и тоа во пресметката со Катар која попладнево се одигра во Вараждин.

Избраниците на Кирил Лазаров беа на повисоко ниво, диктираа темпо и сосема заслужено запишаа триумф од пет разлика (39:34).

Филип Кузмановски и Жарко Пешевски беа први стрелци со по шест погодоци.

Во последниот меч од втората фаза, Македонија во сабота ќе игра против Франција.