ЕК воведе санкции кон бизнисмени блиски до Путин

31.07.2014 11:27

На списокот е и Аркадиј Ротенберг, претседател на управниот совет на банката „Северен поморски пат“, Јуриј Ковалчук и Николај Шамалов, двајцата најголеми акционери во „Руска банка“ од Санкт Петербург...

Европската комисија ги објави имињата на осум Руси, меѓу кои се и блиски соработници на претседателот Путин, како и на три компании на кои им се замрзнуваат активите кои евентуално ги имаат во Европската унија.

На списокот е и Аркадиј Ротенберг, претседател на управниот совет на банката „Северен поморски пат“, Јуриј Ковалчук и Николај Шамалов, двајцата најголеми акционери во „Руска банка“ од Санкт Петербург.

Меѓу компаниите ставени под санкциите е и „Руска национална банка“, „Алмаз-антеј“ и авиопревозникот „Доброљот“се наведува во службениот весник на ЕУ. 

Санкциите ќе стапат во сила од утре. Со новиот список  вкупно се санкционирани 95 физички и 23 правни субјекти во Русија.

Рускиот претседател Путин пак најави дека санкциите ќе имаат контра ефект за Европа поради поскапувањето на руската енергија.