Трамп побара Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата за да запре војната во Украина
Прв јавен говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред меѓународната публика...

Прв јавен говор на американскиот претседател Доналд Трамп пред меѓународната публика.
Преку видео врска пред светските лидери во Давос изјави дека ќе бара од сите земји на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана за пет насто.
Изјави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, што според него ќе придонесе руско-украинската војна веднаш да заврши.
„Мора да ги намалите. Искрено, изненаден сум дека тоа не беше направено пред изборите. Ако ги намалите, војната Русија-Украина ќе заврши веднаш. Тоа требаше одамна да се направи. Изгубени се милиони животи“, рече Трамп.
Американскиот претседател не ја изостави критиката до ЕУ дека неправедно се однесува кон САД во поглед на царините.
