Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово – Градманци во Општина Петровец
Како што соопштуваат од владината прес-служба, овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.
Исто така започната е и доизградбата на детската градинка втора и завршна фаза со капацитет за згрижување на 70 дечиња. Средствата за овој проект се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија од унгарскиот кредит во вредност од 9.470.000 денари.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
