Србија

Генерален штрајк во Србија на повик на студентите

24.01.2025 08:05

Дел од опозицијата, пак, најави блокади на автопатиштата истакнувајќи дека мора да се изврши притисок врз власта и да се натера режимот да ја смени актуелната влада...

Генерален штрајк во Србија на повик на студентите кои повеќе од два месеца протестираат поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Голем број медиумски работници, стопанственици, претприемачи, трговци, ресторани и културни институции најавија дека на различни начини ќе го поддржат штрајкот и барањата на студентите.

Дел од опозицијата, пак, најави блокади на автопатиштата истакнувајќи дека мора да се изврши притисок врз власта и да се натера режимот да ја смени актуелната влада. Во истовреме, претседателот Вучиќ најави голем митинг во Јагодина што треба да го одбележи формирањето на „Народното движење за пристојна Србија“.