Блиски Исток

Прекинот на огнот во Газа продолжува

24.01.2025 08:40

Израел во исчекување на новиот список од Хамас со четворицата заложници кои треба да бидат ослободени утре во втората размена за палестински затвореници...

Прекинот на огнот во Газа продолжува. Израел во исчекување на новиот список од Хамас со четворицата заложници кои треба да бидат ослободени утре во втората размена за палестински затвореници. Кревкото примирје го зголеми приливот на помош во енклавата.

„Порастот на залихите што влегуваат во Газа секој ден и враќањето на редот и законот им овозможи на хуманитарните организации да ја зголемат испораката на помош и услуги за спасување животи“, изјави Фархан Хак, заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН.

Наспроти примирјето, Израел најави планови за проширување на антитерористичките операции на Западниот Брег. По речиси два месеца од договорот за прекин на огнот со Хезболах, бара дополнителни 30 дена од САД за повлекување на трупите од Либан пред истекот на рокот в недела. За милитантната група-неприфатливо.