воен конфликт

Нови напади на Украина врз Русија

24.01.2025 08:28

Американскиот претседател Трамп изјави дека сака веднаш да се сретне со неговиот руски колега Путин за ставање крај на конфликтот. Тврди дека Киев е подготвен за договор...

Украина изврши нови напади врз Русија. Москва тврди дека Киев целел кон руската престолнина, во текот на ноќта собориле над 120 дронови. Американскиот претседател Трамп изјави дека сака веднаш да се сретне со неговиот руски колега Путин за ставање крај на конфликтот. Тврди дека Киев е подготвен за договор.

„Мислам дека Русија треба да сака да постигне договор. Од она што го слушам, Путин би сакал да ме види и ќе се сретнеме веднаш штом можеме. Зеленски е подготвен да преговара. Би сакал ова да престане. Тој е некој што изгубил многу војници“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп смета дека намалувањето на цената на нафтата исто така ќе придонесе за брзо окончување на војната. Најави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ги намалат цените.