АМСМ

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

24.01.2025 08:36

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има од 50 м до 100 м на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.