Нови шумски пожари избувнаа во околината на Сан Диего
Гувернерот на Калифорнија Њусом најави 2,5 милијарди долари помош за опоравувањето од неодамнешните смртоносни огнени стихии во Лос Анџелес...

Два нови шумски пожари избувнаа во околината на Сан Диего во Калифорнија. Во близина на границата меѓу САД и Мексико огнот брзо се шири низ дивата планина Отај. Гувернерот на Калифорнија Њусом најави 2,5 милијарди долари помош за опоравувањето од неодамнешните смртоносни огнени стихии во Лос Анџелес.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што не играа политика со ова и признаа дека луѓето имаат потреба. Овие пари ќе бидат достапни веднаш, 2,5 милијарди американски долари за тековните операции и обновувањето на катастрофи“, изјави Гевин Њусом, гувернер на Калифорнија.
Се очекува најавените дождови за викендов да помогнат во гаснењето на пожарите и да стават крај на повеќемесечниот сушен период во државата.
