САД

Трамп нареди да се објават документи за атентатите на Џон и Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг

24.01.2025 20:31

„Се ќе биде откриено“ – рече Трамп, наведувајќи дека тоа е во интерес на јавноста...

Првпат по шест децении, новиот шеф на Белата куќа Трамп реши да потпише наредба за отворање на сите тајни владини документи поврзани со атентатите на поранешниот претседател Џон Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и борецот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор.

„Се ќе биде откриено“ – рече Трамп, наведувајќи дека тоа е во интерес на јавноста.