Вонредна состојба во Ирска и Шкотска поради невремето Еовин
Вонредна состојба во Ирска и Шкотска поради невремето Еовин. Силните ветрови од над 130 километри на час во двете земји ги затворија училиштата, административните згради, а голем број летови и траекти се откажани.

Вонредна состојба во Ирска и Шкотска поради невремето Еовин. Силните ветрови од над 130 километри на час во двете земји ги затворија училиштата, административните згради, а голем број летови и траекти се откажани. Железничките оператори апелираа да не се патува на рутите низ северен Велс, Шкотска и северна Англија.
„Бурата Еовин ќе биде една од најтешките што ги видела Ирска. Тоа ќе биде штетен, опасен и деструктивен временски настан. Прогнозираните ветрови ќе донесе тешки услови кои ќе претставуваат ризик за животот и имотот. Сите треба да останат засолнети во текот на црвената тревога“, изјави Кит Леонард, претседател на Националната координативна група за вонредни состојби.
