СЗО

ОН потврди дека САД официјално ја напуштаат СЗО во 2026 година

24.01.2025 20:41

САД ќе се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) на 22 јануари 2026 година, соопштија Обединетите нации откако беа официјално известени за одлуката од претседателот Доналд Трамп.

САД ќе се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) на 22 јануари 2026 година, соопштија Обединетите нации откако беа официјално известени за одлуката од претседателот Доналд Трамп. Тој ја обвини организацијата за лошо справување со пандемијата на Ковид-19 и други глобални здравствени кризи.

Трамп ја најави одлуката во понеделникот, неколку часа откако положи заклетва за втор мандат. СЗО изрази жалење за одлуката на САД, кои се најголем донатор на организацијата, со учество од околу 18 отсто од нејзиното финансирање.

Согласно заедничка резолуција на Конгресот од 1948 година, САД мора да достават претходно известување од една година за повлекување и да ги подмират финансиските обврски кон СЗО.