Холандија

Средношколец во Холандија почина за време на опасен предизвик

24.01.2025 20:50

Средношколец во Нивегеин, Холандија, оваа недела починал додека учествувал во опасен предизвик – игра со гушење, а нема индиции дека е сторено кривично дело, соопшти денеска полицијата во тој град. Во соопштението се наведува дека се работи за „трагичен инцидент“.

Училиштето во вторникот соопшти дека еден од нивните ученици загинал во фатална несреќа, а на барање на родителите на детето, училиштето подоцна ги известило родителите и старателите.

За време на играта со гушење, децата се гушат себеси или меѓусебно со притискање на каротидната артерија, која мора да се ослободи пред некој да ја изгуби свеста, за што холандскиот центар за превенција од самоубиства предупреди дека е исклучително опасно и може да предизвика оштетување на мозокот и смрт.