Франција

Напаѓачот пред редакција на „Шарли Ебдо“ осуден на 30 години затвор

24.01.2025 17:30

Пакистанецот кој во септември 2020 година се обиде да убие две лица пред поранешната редакција на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ денеска е осуден на 30 години затвор, соопшти судот во Париз.

Захир Махмуд е прогласен за виновен за обид за убиство и за злосторничко здружување бидејќи пред поранешната редакција на весникот тешко повредил две лица со нож за месо, мислејќи дека се новинари на „Шарли Ебдо“.

Ова се случи пет години по терористичкиот напад на весникот, на 7-ми јануари 2015 година.

Тој ден браќата Саид и Шериф Куаши ја нападнаа редакцијата на парискиот неделник и убија 12 лица.

Браќата Куаши беа убиени следниот ден, а редакцијата, која продолжи со сатира и критики на општеството, инсистирајќи дека нема табу, сега е на непозната локација која постојано е под полициско обезбедување.