Расте побарувачката на риба
Се зголемуваат количините на произведена риба во рибниците во Македонија. Овој доходовен бизнис станува и еден од главните економски адути во Македонски Брод, каде постојано никнуваат вакви капацитети поради чистата природа. Тука се одгледуваат сите видови на пастрмки, па дури и охридска.
„Зголелемена е продажбата на рибата по рестораните, претежно во рибните ресторани во руралните подрачја, па и во градовите“, вели Рацко Златески, сопственик на рибник.

Сега за сега има голема побарувачка за риба, но ние можеме да произведеме само 50 тони на годишно на ниво, да имаме повеќе и повеќе ќе продадеме“, кажа Драган Столески, раководител на рибник.
За жал засега рибите се пласираат само на домашниот пазар.
Перспективите за развој на оваа економска гранка во Македонија се огромни затоа што годишната потрошувачка на риба во државава е околу 5.000 тони, а вкупното производство на домашна риба во рибниците е само околу 1.300 тони, односно само 30 проценти од вкупната побарувачка.
„Се создаваат сега и предуслови за извоз, во Демир Капија и во Кичево се градат капацитети за преработка на рибата, и наскоро таа ќе може да се извезува и како чистена, смрзната, филетирана и чадена риба“, додаде Рацко Златески, сопственик на рибник.
Постојано се бараат концесии за отворање на нови рибници во целото Поречие.
„На реката Белешница има 4 рибници, а веќе во тек е изградбата на уште 2 рибници во кафези на езерото Козјак кој претставува огромен потенцијал за ова производство“, истакна Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.
Годинава производителите ќе и добијат и 35 милиони денари субвенции за произведена риба, како и за подмладок што се очекува да биде дополнителен поттик за оваа гранка.
Дарко Штаргоски
Снимател и монтажа Илчо Димески