Економија

Бизнисот ги чека парите од унгарскиот кредит

24.01.2025 12:11

Од Владата велат дека најдоцна до крајот на месецов овие средства, кои се дел од првата транша за стопанството, ќе станат оперативни...

Бизнисот ги чека 250-те милиони евра, пари од унгарскиот кредит. Од Владата велат дека најдоцна до крајот на месецов овие средства, кои се дел од првата транша за стопанството, ќе станат оперативни.

Парите првин ќе бидат префрлени во развојната банка, а фирмите потоа ќе можат да аплицираат во комерцијалните банки.

За разлика од компаниите, средствата за општините се веќе легнати и веќе се реализираат проекти. И за општините беа наменети 250 милиони евра.

Со останатите 500 милиони евра, од унгарскиот кредит тежок една милијарда евра се покри еврообврзницата издадена во 2018-та година.