Хрватските продавници денеска празни-дали и нашите граѓани би се решиле на ваков чекор?!
Хрватите денеска бојкотираат продавници, трговски синџири, бензински пумпи. На овој начин испратија порака до трговците за револтот поради зголемувањето на цените. Интересно е што освен потрошувачите и синдикатите, бојкотот го поддржа и министерот за економија. Дали на ваков чекор би се решиле и нашите граѓани и синдикати?

Хрватските потрошувачи денеска не ги посетуваат маркетите, продавниците, бензиските пумпи. Ги бојкотираат трговците поради високите цени. Нашите потрошувачи, иако секојдневно се жалат на повисоки цени, велат дека не очекуваат да се случи такво нешто и кај нас.
Ако го споредиме хрватскиот со нашиот стандард, секако дека нашиот народ уште вчера требаше да крене глас против трговците – велат од ССМ. Најавуваат дека во догледно време и тие ќе го изразат револтот. Но, за да има ефект, велат, треба да се заложат и Владата и опозицијата, но пред сè народот.
Иницијативата „Ало инспекторе“ во Хрватска доби поддршка од Европскиот центар за извонредност на потрошувачите, здруженијата за заштита на потрошувачи, синдикатите, политичките партии, но и од министерот за економија.
Александра Велинова
