Уште една жртва од сообраќајката кај Удово
Дваесет и четири годишниот Никола Маринковиќ од Србија, кој пред четири дена беше тешко повреден во сообраќајка кај Демир Капија-Удово им подлегнал на повредите...

Почина и чикото на загинатото бебе во сообраќајната несреќа. Дваесет и четири годишниот Никола Маринковиќ од Србија, кој пред четири дена беше тешко повреден во сообраќајка кај Демир Капија-Удово им подлегнал на повредите. Никола кој беше три дена во кома, почина вчера.
Од вториот автомобил со полесни повреди поминал возачот, за кој се смета дека е виновен за сообраќајката, 21-годишниот Рајко Радојковиќ. Деветнаесет годишната Милица Нововиќ има скршена карлица, додека Никола Гавриловиќ скршена нога.
Радојковиќ откако излезе од болница ќе мора да остане во Неготино и секој ден да се јавува во полиција се додека не заврши истражната постапка околу тешката сообраќајка. Ваквата одлука ја донел неготинскиот суд на барање на обвинителството.Обвинителството ќе ги сослушува сведоците по што ќе следи и соодветна одлука.
Во сообраќајната несреќа животот го загуби и осум месечно бебе. Неговиот татко Драган, братот на Никола, по напуштањето на болницата е во Клиничкиот центар каде тешко повредени се неговата сопруга Марија и синчето Матија.
