Политика

Мицкоски: Македонското прашање нема да биде затворено додека стратешките цели не се реализираат

24.01.2025 15:30

Премиерот Мицкоски се врати од Соединетите Американски Држави. Рече дека посетата била корисна и ќе вроди со големи резултати. Подготвен е за средба со бугарскиот колега Жељазков, но, и одговори и на Атина – македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели за полноправно членство во ЕУ не се реализираат...

Историска посета на САД со бројни средби за понатамошна соработка за кои допрва ќе се слушне – рече премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Вашингтон. Влеговме во фокусот на луѓето од опкружувањето на Трамп се со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во земјава.

Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската унија – рече Мицкоски кој е подготвен за средба со неговиот бугарски колега и разговор за отворените прашања.

Фројд е чудна работа, вели шефот на Владата по обвинувањата на Атина за иредентизам бидејќи говорел за македонското прашање.

 

Миле А. Ристески