Зајакнати капацитети и борба со дезинформации во медиумската сфера
Усвојување посебен закон за МРТВ, стабилен буџет, дигитализација и нови вработувања – совети од експерти по спроведениот проект за зајакнување на капацитети на јавниот сервис. МРТВ и Агенцијата за медиуми со серија обуки за вработените посветени на клучните проблеми со кои се соочува современото новинарство...

Препознавање на лажни вести, употреба на вештачката интелигенција, комуникација со гледачите – ова се дел од темите на коишто германски експерти и новинари на МРТВ година и половина споделуваа искуства и знаења во рамки на проектот за јакнење на капацитетите на јавните радиодифузери.
По скринингот во јавниот сервис, експертите препорачуваат – усвојување на посебен закон за МРТВ, стабилен буџет, дигитализација и нови вработувања.
Проектот на ЕУ беше спроведен и во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.
Анита Димитријевска – Велковска
