Болницата во Прилеп три години без социјален работник
Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе најави дисциплинска постапка за исписот на бебињата, бидејќи не бил информиран Центарот за социјални работи...

Инспектори на финансиската полиција вршат контрола на работењето во прилепската болница за последните неколку години, потврди директорот на болницата Кире Јоноски за Македонската телевизија.
Контролата почнала вчера. Од финансиската полиција велат дека постапката е во фаза на предистрага. А стигна и извештајот на Комисијата за интерна контрола во болницата по смртта на близначињата. Во него се констатира дека во Здравствената установа три години нема социјален работник, иако местото е предвидено со систематизација.
Но, Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе најави дисциплинска постапка за исписот на бебињата, бидејќи не бил информиран Центарот за социјални работи, а од министерството се бара надзор на работењето на болницата.
