Македонија

Обвинителството во Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

24.01.2025 19:50

Извештајот содржи искази од медицински лица, вработени во училиштето, како и видеоснимки од моментот на несреќата...

Обвинителството во Прилеп го доби полицискиот извештај за несреќата со повредениот шестоодделенец во Основното училиште „Гоце Делчев“. Извештајот содржи искази од медицински лица, вработени во училиштето, како и видеоснимки од моментот на несреќата.

Обвинителството продолжува со анализата на материјалите, со цел да утврди како дошло до несреќата.

Инцидентот се случил во понеделникот, при што ученикот се здобил со тешки телесни повреди.