Како да се задржат младите во земјоделството и на нивите?!
Поголема поддршка на младите за да се занимаваат со земјоделство. Поддршката да биде и стручна и административна за користење на средства од домашните и странски фондови оти во Струмичко млади земјоделци речиси и да нема. Државата мора да направи стратегија како да ги задржи младите на нивите,сметаат експертите...

Советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството да излезат на терен и да ги помогнат младите земјоделци. Помошта да биде и стручна и административна за користење средства од фондовите. Вака апелира Драги Памуков од Здружението „Кукла Градинар“, според кого фали млада работна рака по нивите.
Загарантиран пласман и добри цени ќе може да ги задржи младите на нивите смета Ристо Велков, според кого една третина од струмичкото поле е празно и необработен. Во селата нема млади а по нивите останаа повозрасни.
Лани државата не распиша Повик за доделување грантови на млад земјоделец во висина од 600 илјади денари. Планирани беа околу 12 милиони денари од мерката 112. МЗШВ не одговори дали годинава ќе има повик и колку пари се предвидени.
Лани во март од МЗШВ соопштија дека низ годините преку мерката 112 поддршка имаат добиено 838 млади земјоделци.
Ване Трајков
