Еболата и натаму се шири

31.07.2014 13:22

Борбата со еболата во Сиера Леоне е исклучително тешка, поради фактот што вирусот се шири со голема брзина низ регионот...

Сеуште е во тек потрагата по лицата кои што контактирале со американецот кој што пред да почине од ебола, патувал со два преполни авиони од Либерија до Гана, а потоа и до Того.

Борбата со еболата во Сиера Леоне е исклучително тешка, поради фактот што вирусот се шири со голема брзина низ регионот. Државата прогласи вонредна здравствена состојба, во рамките на која што меѓудругото, ќе се ангажираат и безбедносните служби за да ги стават во карантин епицентрите на вирусот.

Во соседната Либерија пак, во обидот да се спречи ширењето на смртоносната бактерија,  вчера беа затворени сите училишта, а под карантин беа ставени голем број објекти.  Претседателот Корома најави дека патниците од авионите ќе мора да ги мијат рацете со средство за дезинфекција и дека ќе биде мерена и нивната телесна температура. 

Нигериската влада прогласи црвен аларм за секое минување на нивната граница.

„Да се соочуваш со ова секој ден и да ги гледаш луѓето во очи, ќе видиш дека се исплашени. Ако погледнете преку оваа ограда овде, ги гледате пациентите и знаете дека нивните шанси се многу мали. Ужасно е“, вели Себастијан Стеин, доктори без граници.

Во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне од 23 јули еболата одзеде 670 човечки животи. Дел од хуманитарните организации во овие три земјипочнаа да ги евакуираат своите вработени.

Работниците на СЗО алармираат за недостиг на пари и опрема за справување со можната ескалација на епидемијата.



Марија Котовска