Путин е подготвен да разговара со Трамп, Зеленски обвинува за манипулација
Рускиот претседател вели е отворен за разговори со американскиот колега Трамп, за економијата и енергијата, но прашањето за преговорите со Украина е комплицирано...

Рускиот претседател вели е отворен за разговори со американскиот колега Трамп, за економијата и енергијата, но прашањето за преговорите со Украина е комплицирано по одлуката на Зеленски во 2022 година да ги исклучи преговорите со Москва.
Украинскиот претседател го обвини Путин за манипулација со волјата на американскиот претседател Трамп. Шефот на Белата Куќа одново повтори дека војната во Украина мора да престане.
Во украински Регини продолжуваат борбите. На удар и Киев. Две станбени згради беа цел на ноќниот руски напад. Руските сили напредуваат во населени места во регионот Доњецк.
