СЛОВАЧКА

Протести во Словачка против политиката на Фицо

25.01.2025 12:14

Илјадници Словаци излегоа на нов протест против политиката на владата на премиерот Фицо...

Илјадници Словаци излегоа на нов протест против политиката на владата на премиерот Фицо.

Серија протести наречени „Словачка е Европа“ беше организирана од граѓанската иницијатива „Мир за Украина“. Фицо ги обвини демонстрантите за обид за државен удар.

Гласањето за недоверба на владата што требаше да се одржи оваа недела беше откажано откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата.

Фицо, еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, во Москва се сретна со претседателот Путин, каде што ја критикуваше одлуката на Украина да го затвори протокот на руски гас кон Европа.