САД

Трамп ги посети областите погодени од шумските пожари

25.01.2025 12:16

Американскиот претседател Доналд Трамп во првото патување откако е на функцијата ги посети областите погодени од шумските пожари и ја потврди поддршката за Калифорнија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во првото патување откако е на функцијата ги посети областите погодени од шумските пожари и ја потврди поддршката за Калифорнија.

Во опустошениот Лос Анџелес од пожарот се состана со пожарникарите и со градоначалничката.

Американскиот претседател ги прогласи шумските пожари за национална вонредна состојба и се откажа од федералните дозволи за да се забрза обновата на опустошените области.