Србија
Протести низ Србија, Вучиќ најавува „движење за народот и државата“
25.01.2025 12:24
„Генералниот штрајк“ во Србија на кој повикаа студентите изнесе на улица илјадници луѓе.

„Генералниот штрајк“ во Србија на кој повикаа студентите изнесе на улица илјадници луѓе.
За време на протестот, жена со автомобил влета во толпа граѓани во Нов Белград и повреди студентка. Полицијата ја уапси, а судот и одреди притвор. Паралелно, српскиот претседател организираше партиски митинг и тврди дека Србија е нападната и однадвор и одвнатре.
Илјадници поддржувачи на владејачката Српска напредна партија и нејзините коалициски партнери се собраа во Јагодина. Претседателот Вучиќ од собирот „Движење за народот и државата“ рече дека и покрај сите навреди и груби зборови, ги повикува студентите на дијалог.
