Пресечен дилерски канал за хероин во Струга и Охрид
Девојката била фатена при обид да се сретне со наркозависници и да им ја продаде...

Полицијата на лице место во чанта на 28 годишна девојка од струшко Теферич пронашла шеснаесет паковки со хероин завиткани во жолта најлонска фолија.
Девојката била фатена при обид да се сретне со наркозависници и да им ја продаде. Средбата била договорена во близина на хотел во центарот на Струга. Девојката секојдневно снабдувала по 20-тина паковки хероин од 25 годишно момче од Велешта.
Таа телефонски со наркозависници договарала место за продажба и преземање на дрогата. Парите од продажбата му ги предавала снабдувачот за што добивала по илјада денари независно од бројот на продадените опаковки хероин.
Двајцата заработија кривични пријави.
Натша Гркова-Петрушевска
