Екстремно аерозагадување потврдија мерните станици во Битола
Екстремно аерозагадување и денеска во неколку општини во земјава. На врвот на листата најзагадени во Европа е Скопје. Но не се дише ниту во Битола. Регистрирани се високи концентрации на опасни ПМ честички. Во сила и мерките за заштита. Инспекторите се на терен. Викендов има и бесплатен организиран превоз за битолчани до ски-центрите на Пелистер. Каков е интересот, како се справуваат граѓаните со загадениот воздух.

Неколку последователни денови, регистрирано е присуство на штетни ПМ10 честички над дозволеното. Од Општината велат инспекторите се на терен, се вршат засилени инспекциски надзори. Констатирано е дека загревањето и сообраќајот се најголеми загадувачи.
Субвенционирање на инвертер уреди и велосипеди, како и пошумување и раззеленување на урбани површини се дел од долгорочните мерки. Општината викендов организира и бесплатен превоз кон скијачките центри. Граѓаните велат енормното аерозагадувањето во градот им пречи, но чистиот воздух на Пелистер им годи. Интересот за користење бесплатниот превоз огромен.
На 23-ти јануари стапија на сила мерките од Министерство за животна средина кои препорачуваат од работа да се ослободат бремените жени, болните како и лицата на 60-годишна возраст.
Александра Максимовска
