Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025...

Научивме дека полицијата е повеќе од сила, таа е присуство кое носи мир во хаосот и сигурност во неизвесноста. Нашата мисија е да градиме мостови онаму каде што има ѕидови, рече најдобриот кандидат во генерацијата.
Промоцијата е награда и показател за вашата работа, труд и вложување, работете со чисто срце и ладни глави, им порачаа на 13-те тимови нови полициски службеници помошник министерот на центарот за обука.
Да создаваме и унапредуваме модерна, стручна и професионална полиција, која задачите ќе ги извршува законито, одговорно и транспарентно во име на својот народ, порача министерот Тошковски.
Тошковски најави дека се работи на унапредување на условите за работа, ќе се градат нови полициски станици, нови униформи и опрема, обновување на возниот парк и зголемување на примањата на вработени во МВР.
Годинава Министерството за внатрешни работи станува побогато со нови 497 нови полициски службеници. Идни чувари на безбедноста на граѓаните, синови и ќерки на Македонија.
Овие питомци една година ги усовршуваа вештините и знаењата во центарот за обука во Идризово.
Александра Спировска
