Крај на 477 пеколни дена за Наама Леви
Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска, меѓу нив и Наама Леви, 20-годишната девојка со македонско потекло. Израел на слобода пушти третина од заложниците.

Крај на 477 пеколни дена за Наама Леви 20-годишната девојка со македонско потекло. Крај на стравовите и болката на нејзините родители откако како израелски војник од своето работно место беше брутално однесена во заложништво. Заедно со нејзините колешки Карина Ариев, Даниела Гилбоа и Лири Албаг стапна слободна на тлото на својата земја. Се радуваше цела нација но мајките најсреќни.
„Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, изјави роднина на ослободена заложничка.
Израелските власти тврдат дека нема да се откажат од враќањето на сите заложници дома.
„Од масакрот на 7-ми октомври, нашата мисија е јасна: да ги вратиме дома сите заложници што ги држи Хамас во Газа. Лири Албаг, Наама Леви, Карина Ариев, Даниела Гилбоа се четирите жени војници кои беа киднапирани од Нахал Оз на 7-ми октомври 2023 година“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Непосредно пред размената, Хамас објави список од 200 палестински затвореници кои Израел ќе ги ослободи и ќе бидат депортирани надвор од Газа и Западниот Брег. Ова е втора размена по прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.
Фиљана Кока
