ЦУК

ЦУК: Можности на системот за итни повици 112

25.01.2025 15:23

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја организира работата на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, што е достапен на целата територија на Република Македонија преку кој граѓаните можат да добијат итни услуги, ако за тоа имаат потреба. 112 во ЦУК е пуштен во употреба на 11.02.2022 година и постојано се надоградува и е отворен за надоградување согласно искуствата на европските држави...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја организира работата на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, што е достапен на целата територија на Република Македонија преку кој граѓаните можат да добијат итни услуги, ако за тоа имаат потреба. 112 во ЦУК е пуштен во употреба на 11.02.2022 година и постојано се надоградува и е отворен за надоградување согласно искуствата на европските држави, а и напредокот на технологијата. На пример, последно такво надоградување е остварување, односно примање повик од „паметен часовник“ кога има детекција на губење на пулс и алармирање – конкретно автоматско јавување на 112 во ЦУК.

Воведувањето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 донесе повеќе предности за граѓаните на коишто им е потребна помош, а и на службите и институциите од Системот за управување со кризи (СУК):

1. Имаме единствен, универзален број за сите итни случаи;
2. Бесплатен е;
4. 112 во ЦУК интегрира различни служби за итни случаи, како што се полиција, противпожарна заштита и итната медицинска помош во еден обединет систем.
4. 112 е лесен за паметење и бирање, што го прави лесно достапен за населението;
5. 112 може да се бира од телефони без „СИМ“ (SIM) картичка или со заклучена тастатура;
6. Бирањето 112 од мобилен телефон, автоматски обезбедува точни информации за локацијата („ГПС“ – GPS координати) на јавувачот, овозможувајќи побрзо време за одговор, реагирање на терен;
7. Интеграцијата на службите за итни случаи (Полиција, Итна медицинска помош и Противпожарна заштита) овозможува поефикасно користење на ресурсите, затоа што повеќе институции, односно служби се координирани за и во согласност нивните активности од еден центар (ЦУК). Секако, покрај овие три институции, служби, кога е потребно за помош да се ангажираат и дополнителни други институции и служби од Системот за управување со кризи, тоа се остварувфа повторно од истиот центар – ЦУК.
Можности на системот 112
- Говорни повици: Системот при директни телефонски говорни повици веднаш се има/обработува повикот со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, овозможувајќи брза комуникација со повикувачите и ефикасно споделување информации со службите за брз одговор;
- СМС (SMS – порака од/на телефон): Системот поддржува примање и праќање на текстуални пораки со координати (GPS) за локација, и е канал за комуникација со граѓаните кои од било кои причини не можат да зборуваат и граѓани со потребни потреби (на пример, глувонеми лица);
- „И – кол“ (E-Call – итен повик): Системот прима повици преку „И – кол“ директна врска со возила опремени со „И – кол“ модул. Тоа овозможува автоматско примање на гласовни повици на 112 во ЦУК со координати (GPS) за локацијата на повикувачот, во случајот возилото, кога модулот ќе детектира сериозен судар;
- СМС (SMS) со локација од „андроид“ (Android) апликации: Системот автоматски обработува текстуални пораки кои содржат координати (GPS) за локација од „андроид“ (Android) апарати што имаат инсталирано СОС апликации што испраќаат порака до 112 во ЦУК, во случај на детектиран сериозен судар или пад;
-Снимена порака од „ајфон“ (iPhone 14 и понови): При сериозен потрес или судар, „ајфон“ (iPhone) уредите автоматски испраќаат снимена порака со координати (GPS) за локација, овозможувајќи итна реакција дури и ако корисникот не е во состојба самиот да се јави на 112 и да побара помош;
- Детекција на губење на пулс кога се носи „паметен часовник“ и алармирање – автоматско јавување на 112 во ЦУК: Системот прима повици од „паметен часовник“ (Google Pixel Watch 3) преку „андроид“ (Android) телефон со којшто е поврзан и има напредни сензори за следење на здравјето на корисникот меѓу кои и детекција на губење на пулсот („loss of pulse detection“). Кога истиот ќе регистрира продолжен период без пулс на корисникот, часовникот автоматски иницира повик до 112 со снимена порака со информации за итноста и точната локација (GPS координати) на корисникот. Системот за итни повици 112 во ЦУК овозможува и е отворен за интегрирање на други напредни технологии преку коишто граѓаните ќе можат да добијат итни услуги ако за тоа имаат потреба.