МВР со детали за запалениот автобус на ЈСП
МВР излезе со детали со запалениот автобус на ЈСП. Според полицијата, нема повредени лица.

МВР излезе со детали со запалениот автобус на ЈСП. Според полицијата, нема повредени лица.
„Денеска (25.01.2025) околу 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај кружниот тек во с. Сопиште, скопско, настанал пожар во автобус на ЈСП во движење. Притоа, едно лице вдишило чад и на местото му е укажана помош од екипа на Итна медицинска помош, а други повредени лица нема. На местото излегла екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, информираат од Скопската полиција.
Поради настанот, сообраќајот на патот Припор – Сопиште е во прекин, најверојатно поради увидот што треба да го извршат истражните органи за утврдување на причините за пожарот.
Ова не е првпат да избувне пожар во автобус на ЈСП. Лани тоа се случи во скопски Бутел, а имаше пожар и во автобус кој беше паркиран под Железничката станица. Друг автобус на ЈСП со број 2 заврши на бетонските жардиниери во близина на ТЦ „Мавровка“. Тогаш дојде обвинување од возачот дека воланот му се закочил и не можел да го исконтролира автобусот.
