Обвинителство

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

25.01.2025 16:06

15-годишно дете низ скопско Волково возел автомобил во кој имало пет пиштоли и куршуми од различен калибар. Отворена истрага против неговиот татко, заработи кривична пријава неовластено изработување, држење и тргување со оружје. Обвинителството побара Кривичниот суд да изрече мерки на претпазливост...

Дете управувало со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. 15-годишното момче било запрено од полицијата додека возело во Волково.

„По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко поседувал дозвола, додека другите два пиштола ги поседувал без дозвола. Поднесена кривична пријава“, стои во соопштението на МВР.

Од правничката фела со став – одговорноста за вакви дела е кај родителите.

Психолозите велат, ваквите ситуации се аларм на кој сите треба да реагираме.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски