Скопје
Поради магла не слетуваат авиони на скопскиот аеродром
25.01.2025 19:11
Поради густа магла попладнево нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје...

Поради густа магла попладнево нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје.
Авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.
Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул.
