Белорусија

Утре избори во Белорусија, се очекува Лукашенко да освои седми мандат

25.01.2025 20:48

Повеќе од 480 меѓународни набљудувачи се акредитирани за утрешните претседателски избори во Белорусија, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Интересот за изборите е прилично голем.

Повеќе од 480 меѓународни набљудувачи се акредитирани за утрешните претседателски избори во Белорусија, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Интересот за изборите е прилично голем.

Акредитирани се над 800 новинари, од кои 300 од странство, како и 486 меѓународни набљудувачи, изјави претседателот на ЦИК, Игор Карпенко.

Од 21 јануари веќе почна предвременото гласање за еден од кандидатите – лидерот на Либерално-демократска партија Олег Гајдукевич, бизнисменката Ана Канопацка, првиот секретатр на Централниот комитет на Комунистичката партија Сергеј Сиранков, претседателот на Републиканската партија на трудот и правдата Александар Хижнјак и актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко кој е на власт 1994 година утре ќе обезбеди седми претседателски мандат, со оглед на тоа што неговите ривали се или во затвор или во егзил.

Лукашенко на претходните избори, одржани во август 2020 година, според официјалните резултати, освои 80 отсто од гласовите.