Источен регион

Недостиг од општински инспектори од секаков вид

26.01.2025 13:21

Општинските инспекциски служби се битен дел од системот за надзор и заштита на јавниот интерес. Но во многу општини има недостиг на инспектори, посебно на градежни инспектори. Во источниот регион вакви инспектори има само во четири општини, а работат и во соседните и во некои скопски општини.

Малите и руралните општини се соочуваат со недостиг на општински инспектори од секаков вид. Најизразен е недостигот од градежни инспектори.

Општините објавуваат огласи, но велат никој не се јавува

Недостигаат и комунални инспектори и тоа најмногу во руралните општини. Во Карбинци, Зрновци и Чешиново-Облешево нема ниту еден комунален инспектор, а во урбаните има само по еден.

Неизвесно е дали новиот закон за локална самоуправа ќе понуди решенија за проблемите со кадровските капацитети на малите и руралните општини.

Градовите во источниот регион имаат по еден инспектор за животна средина. Во некои општини недостигаат сообраќајни и инспектори за домување.

 

Славица Величковска