Прилеп

Потребен е социјален работник во сите институции

26.01.2025 12:57

Последните случаи во Прилеп, смртта на новороденчињата-близначиња и повреденото дете во основно училиште, ја отвора темата за потребата на социјален работник во институциите и во работните средини. Моменталната ситуација не е за пофалба...

Социјален работник е неопходен во образовните, во здравствените, во градинките, сите јавни институции и работни средини, го нагласуваат ставот од прилепскиот Центар за социјални работи. Улогата на социјалниот работник во нашето општество е потценета што доведува до несакани последици.

Прилепската болница и самата констатира дека им е итно потребен социјален работник, по случајот со смртта на новороденчињата – близначиња. Тие три години немаат социјален работник, а сега чекаат план за вработување од Министерството за администрација.

Само во едно од 10-те основни прилепски училишта има социјален работник. А има и пет средни. Заматени се состојбите во работните средини.

Потребата од социјален работник во институциите и работните средини се покажува дека е неопходна.

 

Елизабета Митреска