ФЗОМ: Од утре автоматско здравствено осигурување и е-изводи
Две новини од Фондот за здравствено осигурување се воведуваат од утре. Првата е автоматско здравствено осигурување за вработените и нивните семејства без пријава во Фондот, а втората новина се однесува на добивање на електронски изводи по службена должност од матичната книга за новородени деца.

Директорката на Фондот, Маја Парнарџиева Змејкова, појасни дека првата новина се однесува на олеснување на постапката при стапување во здравствено осигурување за лицата кои се вработуваат и менуваат работни места со автоматско стапување во здравствено осигурување кое е овозможено преку електронско поврзување со системот на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Тоа значи дека лицето кое ќе се вработи или пак го промени работното место и членовите на неговото семејство автоматски ќе добијат здравствено осигурување без пријавување во Фондот и без ризик од прекин на континуитетот во здравственото осигурување поради неажурност на фирмата.
Втората новина се однесува на поврзување на Фондот со Управата за водење на матични книги. Имено, од 1 август Фондот веќе нема да бара извод од матична книга на родени за новороденчиња за нивно пријавување во здравственото осигурување односно родителите од таа обврска се ослободени, бидејќи ние по службена должност на електронски начин ќе го добиеме овој извод од Управата, посочи Парнарџиева Змејкова.