Украина

САД не ја прекинаа воената помош за Украина, рече Зеленски

26.01.2025 10:36

Украинскиот претседател вели дека американската воена помош за Украина не престанала, но има ограничувања, откако Трамп потпиша Декрет за привремена суспензија на сите странски програми за помош за 90 дена.

„Знам дека има некои ограничувања. Треба да ги разгледаме деталите. Знам за лимитот од 90 дена за хуманитарни програми. Има голем број институции низ светот кои претходно беа поддржани од владата на САД. Фокусиран сум на воена помош, не е запрена, фала богу“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Зеленски изрази надеж дека ЕУ и САД ќе бидат вклучени во разговорите за ставање крај на војната. Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина загубила уште 360 војници во борбите во областа Курск во изминатите 24 часа.