Белорусија

Претседателски избори во Белорусија

26.01.2025 10:40

Претседателски избори во Белорусија. Откако на двајца политичари им беше одбиена регистрацијата, се кандидираа само петмина кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател кој е на власт од 1994 година.

Претседателски избори во Белорусија. Откако на двајца политичари им беше одбиена регистрацијата, се кандидираа само петмина кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател кој е на власт од 1994 година.

Противниците на Лукашенко ги претставуваат провладините партии и една независна кандидатка за која опозицијата обвинува дека е марионета на режимот.

Изборите ги следат над 450 меѓународни набљудувачи од 49 земји, меѓу кои и 15 европски, како и држави од Африка, Азија, Латинска Америка и Заедницата на независни држави. Александар Лукашенко, кој се очекува да го добие седмиот последователен мандат нема легитимитет, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.