СДСМ во кампања-лоша копија на ВМРО ДПМНЕ
Опозицискиот СДСМ како дополнителни мерки во даночниот систем ...
Опозицискиот СДСМ како дополнителни мерки во даночниот систем ги најави проектот ДДВ-викенд,потрошувачки кредит,поттикнување на вработувањето и враќање на, според Заев, скратените работнички права.Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките се стари и дека СДСМ ги предлагаше години наназад.Според Заев,во минатото немало можност за нивно спроведување.Опозицијата со предлог-мерки и во социјалната сфера.
Празни ветувања,без конкретни рокови и финансиски средства,возвратија од Владата.Во времето на СДСМ невработеноста беше 38, а сега е намалена за 10 проценти,рече министерот за труд и социјала Спасов.Со конкретни проекти се обезбедуваат средства за децата без родители,вработувања на инвалидизирани лица.Предлозите на Заев се лоши копии на владините мерки,потенцира ресорниот министер.
Во изминативе неколку дена медиумите, пренесувајќи ги ставовите на аналитичарите пишуваа дека опозицијата предлага решенија што беа предизборни ветувања во 2002-та,како контрола на приватизацијата,субвенции,инвестиции во земјоделството.
Милчо Велески
