градежништво

За една година цената на становите во Скопје по метар квадратен се зголемила за 20 проценти

26.01.2025 15:30

Околу три ипол илјади евра квадрат стан во центарот на македонската метропола. Побарувачката поголема од понудата. Граѓаните велат со инвестиција во недвижности ги штитат заштедите од инфлација...

Рекордни 3.500 евра по метар квадратен досегна цената на становите во центарот на Скопје. За една година се зголемила за 20 насто, велат од Агенциите за недвижности и инвеститорите. Централното градско подрачје и понатаму е најатрактивно. Некои ги купуваат за живеење, други за издавање. Граѓаните инвестицијата во недвижности ја гледаат како можност да ги заштитат парите од инфлација.

Високите цени на становите се резултат на лошите политики во изминатите години, мораториумите – велат од Градежната комора. Понудата се намалува, побарувачката расте. Потребна е стратегија, да не никнуваат згради како печурки во Центар, да се градат станбени комплекси и на периферијата на градот.

На цената влијаат и геополитичките случувања кои наметнуваат и поскапи суровини.

 

Александра Велинова